Првата недела по Велигден се вика Томина недела и е посветена на светиот апостол Тома. Кога Исус им се јавил на апостолите Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот Тома не верувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“. (Јован, 20/25) Поради тоа апостолот Тома е наречен Неверен Тома.
По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Исус пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“ Одговори Тома и му рече: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“. (Јован, 20/27-29)
Светиот евангелист и апостол Лука е роден во Антиохија Тој е еден од четворицата евангелисти Според едни тој им припаѓал на 12-те Христови апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли ...
Син Веириин од племето Исахарово Живееше и пророкуваше 800 години пред Христа Неговите боговдахновени зборови се наоѓаат во неговата книга составена од четиринаесет глави Му упати многу укорувања н...
Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сѐ друго што стана, се уплашија многу и г...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.