Денешниот ден е Задушница, кој се одбележува 23 недели по Педесетница. На овој ден се оди во црква и на гробишта.
Православната црква денеска го одбележува и споменот на Свети Аверкиј Рамноапостолен.
Во времето на царот Антонин Св. Аверкиј беше епископ во градот Јерапол Фригиски. Во тој град огромното мнозинство беа незнабожци, а Св. Аверкиј управуваше со своето малечко стадо и тагувајќи во срцето заради толкавото мноштво незнабожци и идолопоклоници усрдно Му се молеше на Бога да ги обрати кон светлоста на вистината. Во времето на едно прочуено идолско празнување, Аверкиј се распали со ревност по Бога, па влезе во идолскиот храм и ги испокрши сите идоли. Кога разјарените незнабожци сакаа да го убијат, во тој миг припаднаа пред него тројца бесни млади луѓе со пена на усните и со урлање, а Божјиот човек со молитва ги изгони од нив демоните и момчињата станаа здрави и мирни. Кога го видоа тоа, незнабожците го свртеа својот гнев во восхит кон Христовиот чудотворец и веднаш петстотини од нив примија Крштение. Малку по малку целиот град Јерапол поверува во Христа и се крсти. Антипатот на таа област, Публиј, имаше слепа мајка на којашто Аверкиј со молитва ѝ го врати видот, та поверуваа во Бога Публиј и неговата мајка и мнозина други луѓе. На старост беше повикан во Рим, каде што ја исцели од лудило царската ќерка. Неколкупати на овој Свој верен следбеник му се јавуваше Господ Исус Христос. Од далеку и од околината кај него доаѓаа луѓе заради неговата чудотворна помош при нивните неволји. Демоните не само што се плашеа од него туку кога им заповедаше и му служеа. На заповед на Самиот Господ го проповедаше Евангелието и во Сирија и во Месопотамија. Пред својот љубен Христос се престави во длабока старост, во градот Јерапол, на крајот од 2 век.
Ракометарите на Охрид во рамки на десеттото коло од Супер лигата гостуваат во Скопје кај екипата на Бутел Згуснатиот распоред во месец ноември го започнуваме со гостување кај Бутел, кој е доста нез...
Претседателката на Општинската изборна комисија Антигона Сионов денес му го врачи уверението на досегашниот градоначалник Кирил Пецаков за новиот четиригодишен мандат На свеченото доделување на Уве...
Граѓанското здружение „БРАВО“ од Пловдив, Република Бугарија“, донираше софистициран подводен дрон на Клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид кој треба да помогне во потрагата по бугарскиот ну...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.