Православните христијани денеска ja одбележуваат Задушница, а утре Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден).
На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

За црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време, па се до денес не ја напушта и непрестано слегува врз црквата на литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен. Педесетница е еден од најсветлитe празници во христијанството и претставува исполнување на старозаветните пророштва. Во Стариот завет луѓето знаеа само за Бог, со раѓањето на Христос го видоа Единородниот Син, а на Педесетницата го запознаа третото лице на Света Троица – Светиот Дух.
OhridNews












