Ден пред изборите, денеска, своето право на глас можат да го искористат 1446 избирачи во казнено-поправните домови, како и 136 избирачи со статус на внатрешно раселени лица и лицата што се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор.
Денеска, исто така, може да гласаат и немоќните и болните лица кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.