Денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а на планините се очекуваат врнежи од снег.
Како што информираат од УХМР, максималната дневна температура во Охрид ќе достигне 10 степени Целзиусови.
Утре не очекува слично време, со локален дожд во претпладневните часови. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 4 до 11 степени Целзиусови.
OhridNews