Скопскиот кривичен суд денеска треба да ја изрече пресудата во процесот „Пајажина“ што се води против бизнисменот Велија Рамковски, членови на потесното семејство, соработници и вработени во негови фирми.

Обвинетите во случајот Пајажина, се товарат за злосторничко здружување, перење пари, затајување данок, оштетување доверители и злоупотреба на службената положба и попречување на доказна постапка.

Обвинетиот Рамковски судењето го оквалификува како монтиран процес.

OhridNews