Во Културно – информативен центар „Култура 365“, денеска со почеток од 20 часот ќе биде претставено дел од творештвото на Тоде Илиевски, под наслов „На планински патеки“.

За творештвото на Илиевски ќе зборува Смиле Наумоски-Брсјак, а стихови од неговата поезија ќе чита Лидија Размоска.

Тоде Илиевски досега има издадено три книги поезија за возрасни и исто толку поетски збирки за деца. Автор е на книгата посветена на шаховските проблеми, а коавтор е на лексиконот на приватните библиотеки во Охрид и охридско. Учествувал во работата на редакциите „Јужен бран“, „Спизалит“, „Радосна вест“ и „Копнежи“, а бил главен и одговорен уредник на енигматските забавници „Клуч“ и „Ѕуница“. Исто така, застапуван е во антологии, избори и учебници.

OhridNews