Закажаната, па еднаш одложена јавна расправа за предлог измените на Законот за угостителска и туристичка дејност, поради неодложни обврски на претставниците на Министерството за Економија-секторот за туризам и угостителство, ќе се одржи денеска во големата сала на Општина Охрид.

Јавната расправа со претставници на туристички агенции, хотели, туристички водичи и придружници, ќе се одржи во 11 часот, а со физичките лица кои вршат угостителска дејност-приватно сместување, во 12.30 часот.

Тема на јавната расправа се предложените измени и дополнување на законите за туристичка дејност, за угостителска дејност и за такса за привремен престој, како и за мерките за подобрување на состојбите во туристичкиот сектор.

OhridNews