Денеска ќе биде променливо облачно време, а во западните и јужните делови од земјава ќе има услови за локален дожд.
Во попладневните часови облачноста ќе се намали, а ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне 10 степени Целзиусови.
Како што информираат од УХМР, во текот на оваа седмица ќе има повеќе сончеви периоди, а дневните температури ќе се движат во интервал од 9 до 17 степени Целзиусови.
OhridNews