Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ , 21 декември 2013 година (денеска), Денот на наставата на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија.
Исто така, од ресорното министерство информираат дека 25-ти декември 2013, (среда), првиот ден од Божиќ е неработен за граѓаните од католичка вероисповед во Македонија.
OhridNews