Времето денеска ќе биде магловито и со ниска облачност по котлините, додека на повисоките места ќе биде сончево и потопло. Ќе дува слаб јужен ветер, а максималната дневна температура во Охрид ќе достигне 9 степени Целзиусови.

Како што информираат од УХМР, од утре ќе настапи заоблачување, а во вечерните часови се очекуваат слаби врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе достигне 8 степени Целзиусови.

OhridNews