Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за локален дожд, особено во западниот дел на Македонија. Облачно и врнежливо време ќе преовладува и во Охрид. Максималната дневна температура ќе достигне до 12 степени Целзиусови. Во котлините можна е и појава на магла.


Стабилизација на времето се очекува од утре, а од среда и благ пораст на дневната температура која на места ќе достигне до 17 степени.

OhridNews