Комисијата за доделување награди и признанија, одбележување празници и манифестации, денеска ќе одржи состанок на кој ќе се донесе одлуката за добитниците на годинешните највисоки општински признанија.

Како што соопшти Комисијата, на годинешниот конкурс вкупно пристигнале 8 апликации, 4 се во конкуренција за наградата (од кои една не ги исполнува условите од конкурсот, односно одредбите од одлуката) и 4 се во конкуренција за повелба.

На денешниот состанок Комисијата ќе ја утврди и програмата за одбележување на 8-ми декември.

Ohridnews