На пригодна свеченост, што традиционално се одржува на празникот Пречиста, денеска, во просториите на општина Охрид градоначалникот Никола Бакрачески и неговиот пријател Сашо Симески, официјално ќе бидат промовирани во кумови на Водици 2014, со што и формално ќе започнат церемониите поврзани со одбележувањето на големиот празник.
Се очекува, исто така, да бидат соопштени одредени поединости околу подготовките за одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици 2014.
OhridNews