Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер каде се очекува да наврнат и над 20 л/м2 со засилен ветер и појава на грмежи, особено во јужните подрачја, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во четврток ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време со пад на утринските температури.

OhridNews