Денеска е песледниот ден за поднесување на пријавите по Конкурсот за доделување на највисоките општински признанија: Наградата и Повелбите Свети Климент Охридски-патрон на градот.
Според конкурсот, за доделување на овие признанија може да се пријават поединци, институции и асоцијации кои оствариле значајни резултати и дале придонес во афирмација и развој на Охрид.
Врачувањето на признанијата ќе биде во рамки на Академијата по повод Патрониот празник на Охрид, која ќе се одржи на 8 декември.












