Првата група на туристи од земјите на Бенелукс, кои годинава ќе одмараат на Oхридската ривиера ќе пристигне денеска Охридскиот аеродорм „Свети Апостол Павле“. Според најавите, за патниците на првиот чартер лет на туроператорот „Корендон“ ќе биде организиран пригоден пречек од страна на ТАВ Македонија.
Инаку според најавите на домашните ин-каминг агенции, во недела на 10-ти мај во Охрид ќе треба да пристигнат и првиот чартер авион на туроператорот „ТУИ Аркетравел“.
Според податоците на туроператорите кои беа објавени во медиумите, продажбата на аранжманите за Охрид бележат пораст за околу 30 проценти, споредено со истиот период минатата година. Проценките на „Корендон“ и на „ТУИ“ врз основа на сегашниот интерес за македонската туристичка понуда се дека во текот на летната сезона 2015 на Охридската ривиера и во Македонија ќе летуваат околу 25 илјади туристи од Холандија, Белгија и Луксембург.
OhridNews