Денеска со почеток во 13 часот ќе се одржи конститутивната седница на новиот состав на Собранието на Република Македонија, јавува „Алфа“.
Новиот парламентарен состав ќе биде составен од 61 пратеник од коалицијата „За подобра Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, 19 од ДУИ, 7 од ДПА и 1 од ГРОМ, додека социјалдемократите и Руфи Османи најавија дека нема да седнат во собраниските столчиња.
Според најавите за во понеделник ќе биде закажана и седницата за инаугурација на претседателот Иванов. Роковите велат дека тој е должен во рок од 10 дена од конституирање на Собранието да го довери мандатот за формирање на нова Влада.
„Алфа“