
За манастирот:
На околу 5 километри јужно од Охрид, се наоѓа мала пештерна црква посветена на првиот христијански маченик-Архиѓаконот Стефан.
Пештерната црква „Св.Стефан” датира од IX век и единствена црква посветена на овој светител во Македонија. За црквата е искористена една природна пештера која од јужната страна е преградена со ѕид од кршен камен. Покрај црквата во подоцнежниот период се изградени и конаци кои се реновирани, а изградени се и нови.
Поради својата добра местоположба и прекрасниот поглед, овој манастир се поинтересен станува за странските и нашите туристи. Верниците, пак, кои доаѓаат тука и го почувствуваат духовниот мир посакуваат повторно да се вратат и да престојуваат во манастирот.









