Денеска се одбележува празникот посветен на маченикот Св. Стефан. Традиционално овој празник најсвечено се одбележува во манастирот Св. Стефан во истоимената населба крај Охрид.
За манастирот:
На околу 5 километри јужно од Охрид, се наоѓа мала пештерна црква посветена на првиот христијански маченик-Архиѓаконот Стефан.
Пештерната црква „Св.Стефан” датира од IX век и единствена црква посветена на овој светител во Македонија. За црквата е искористена една природна пештера која од јужната страна е преградена со ѕид од кршен камен. Покрај црквата во подоцнежниот период се изградени и конаци кои во денешно време се реновирани и се издаваат по симболична цена од 150ден. за ноќевање.
Овој манастир за кој интересот на граѓаните е се поголем, во последниве две години интензивно се доградува и гради. Реконструиран е надворешниот дел на манастирот, и изградена е нова камбанарија на местото на старата, а изградени се и нови конаци.
Поради својата добра местоположба и прекрасниот поглед, овој манастир станува се поинтересен за туристите.
Овој Јаков се нарекува Брат Господов затоа што е син на Јосиф, свршеникот на Дева Марија те Богородица од неговиот претходен брак Тој е еден од 70-те апостоли Се нарекува Брат Господов уште и зарад...
Свети Иларион Мегленски, еден од македонските светци, борец против разните ереси во Македонија и посебно во мегленската област е роден во Цариград Неговите родители биле од видна фамилија но несреќ...
Македонската православна црква денеска го празнува празникот „Свети Прохор Пчински и пренос на мошти на СвЈован Рилски“ Житие за Преподобен Прохор Пчински Бидејќи се молеше за тоа, Бог му го покаж...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.