Вечерва  со почеток од 20:30 часот  во црквата „Св. Петка“ во Велгошти, ќе се одржи  традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго”.

Според програмата, предвидено е полагање цвеќе пред споменикот на Живко Чинго, а по традиција ќе се одржи и  Беседа  за писателот.

Во рамките на манифестацијата ќе биде доделена и наградата за најдобар расказ, што општина Охрид ја додели по претходно распишан конкурс.

OhridNews