Екс либрис претставува графичка изложба на која учествуваат 45 автори од повеќе земји од светот, како и домашни автори со повеќе од 80-тина дела Екс либрис графики минијатури.
Изложбата досега беше отворена во галеријата на Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје и во галеријата при Националниот театар во Гевгелија.
Поставувањето на ваков вид на графичка изложба од меѓународен карактер е од огромно значење за нашата графичка сцена имајќи предвид дека се работи за реномирани автори – графичари од Аргентина, Бразил, Индија, Словачка, Египет, Србија, Бугарија и Македонија. Добитник на Гранд При на ова прво издание на Екс либрис Скопје е авторот од Бугарија, Десислав Гечев за делото „Искушение“.