Во седиштето на НАТО во Брисел денес, ќе се потпише протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата, по ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парамент на крајот од минатиот месец. На состанокот ќе присуствуваат сите ополномоштени амбасадори на земјите-членки.

Со денешното потпишување во Брисел на протоколот за пристапување НАТО ги отвора вратите за членство на Македонија во Алијансата.

Откако формално ќе биде потпишан протоколот за пристапување, ќе започне следната фаза од процесот на пристапување, по што ќе биде проследено со ратификација на протоколот во националните парламенти на земјите-членки на НАТО.

Македонското Собрание минатиот месец ги усвои уставните измени за преименување на земјата во Северна Македонија. На 18 октомври, НАТО започна официјални разговори за пристап со Македонија. Македонија и Грција го потпишаа Преспанскиот договор за промена на името во јуни.