Денеска од 5 часот наутро, на површина од 1500 хектари ќе се запрашува против комарци на потегот од селото Подмоље до населбата „Св. Стефан“.
Поради запрашувањето против комарци, се известуваат пчеларите  да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.

Се известуваат граѓаните на општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.

Инаку, запрашувањето е во организација на општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид, во соработка со Министерството за транспорт и врски и Министерството за здраваство.

OhridNews