Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност, а во западните планински предели можен е изолиран краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Индексот на УВ зрачење ќе изнесува 8. Во Охрид сончево со умерена облачност и максимална температура до 27 степени Целзиусови.
Во петок и деновите од викендот ќе имаме сончево време претпладне, а попладне со услови за појава на локална нестабилност, наместа проследена со невреме. Дневните температури ќе се движат во интервал од 20 до 33 степени.