На улицата „ Гоце Делчев “ ќе се забрани запирање и паркирање на секаков вид возила. Ова е предложено во Предлог-одлуката за изменување и дополнување на  Одлуката за организирање на режимот на сообраќај во Општина Охрид што ќе се најде на дневен ред на денешната  седница на Советот.

Доколку се изгласа Предлог-одлуката, нема да запираат ниту да се паркираат возила и на улицата „Македонски Просветители“-од десната страна гледано во насока кон езерото, како и на „Димитар Влахов“-од пресекот со улицата „ Мите Богоески“па до крајот, од десната страна, гледано во насока кон улицата „Македонски Просветители“.
Летниот режим на сообраќај ќе се применува од 1 јули до 31 август годинава.

ohridnews