Во рамки на своите редовни активности и средби со граѓаните, караванот на Владата на Република Македонија, составен од ресорни министри, државни секретари и директори на државни и јавни претпријатија, денеска Центарот за култура “Григор Прличев”, со почеток во 20.30, организира Граѓанска трибина , која ќе ја води Премиерот на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Трибините имаат граѓански карактер, а присутните ќе можат непосредно и изворно да се информираат за сите владини активности кои се реализираат, како и за плановите кои се предвидуваат во идниот период.
OhridNews