
Со состанокот ќе копретседаваат Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, како актуелен претседавач со Процесот за соработка на Југоисточна Европа и Генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ, како оперативно тело на Процесот.
На состанокот ќе бидат разменети мислења во врска со развојот на регионалната соработка и актуелните состојби во Регионот на ЈИЕ, а воедно предвидена е и презентација и одобрување на Годишниот извештај на Генералниот секретар на РСС за периодот од 15 мај 2012 до 25 април 2013, како и презентација и одобрување на тригодишната Стратегија и Работна програма на РСС за периодот 2014 – 2016.











