На плажата „Потпеш“ во месноста Канео, денеска, ќе се одржи свадбена церемонија, поради што објектот во периодот од 16 до 00 часот ќе биде резервиран за гостите на приватната весеба. Младенците се странци кои решиле токму во Охрид да ја овековечат нивната љубов.
Менаџментот на „Потпеш“ упати апел до редовните гости и туристите во овој период да се воздржат од поминување по Мостот на желбите и посета на плажата. Оттаму информират дека со стандардната понуда плажата „Потпеш“ продолжува нормално да работи од утре, понеделник.
Инаку, странци се почесто организираат свадбени церемонии во Охрид. Покрај стандардната понуда на угостителските објекти се избират и интересни локации како Античкиот театар, Плаошник, Св. Наум, а свадби се прават и со брод на Охридското Езеро.
OhridNews