Со шест натпревари од групите Ј, К и Л, денеска ќе биде комплетирана групната фаза на Светското првенство во фудбал.

Од 23 часот играат Панама – Англија и Хрватска – Гана. По полноќ, од 01:30 часот, на програмата се дуелите Колумбија – Португалија и ДР Конго – Узбекистан, додека од 04:00 часот ќе се сретнат Јордан – Аргентина и Алжир – Австрија.

Синоќа и ноќеска Франција ја совлада Норвешка со 4:1, Сенегал беше убедлив против Ирак со 5:0, Шпанија го победи Уругвај со 1:0, Капо Верде и Саудиска Арабија одиграа 0:0, Белгија славеше над Нов Зеланд со 5:1, а Египет и Иран ремизираа 1:1.

OhridNews