Целата територија на Македонија се очекува денеска да биде зафатена со температури кои ја дефинираат жолтата, односно алертната фаза, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.


Како што пренесува „Макфакс“, високи температури се очекуваат до крајот на неделава.

Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните да ги општите препораки за населението, во однос на заштита од директна сончева изложеност, избегнување подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, носење лесна и светла облека, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

OhridNews
извор:„Макфакс“