Денесоски ги отфрла обвинувањата, Локалната ги смета кривичните пријави за притисок
23.04.12 12:53
Сашо Денесоски, управител на фирмата „Денесоски“ и сопственик на два интернет портали, ги отфрла наводите и обвинувањата за законски злоупотреби изнесени во кривичните пријави, што против него и дузина вработени во Локалната самоуправа денеска ги поднесе Секторот за внатрешни работи од Охрид.
-Кривичната пријава која денеска кружи по медиумите е крајно неоснована, меѓутоа ќе почекам да се изјасни обвинителството и крајната инстанца судот, изјави Денесоски. Тој рече дека веќе една година е предмет на обработка на поединци од СВР и МВР, со цел да се дискредитира неговата личност и неговите медиуми. Според него пријавата е неоснована, а лицата кои се спомнуваат во неа не биле членови на тендерската комисија во наведениот период.
Денесоски смета дека поднесената кривична пријава има политичка позадина поврзана со објавување на информации објавувани на неговиот интернет медиуми.
-Перманентно добивав закани дека доколку не ги затворам весниците ќе се преземеле против мене одредени дејствија, а еден од тие функционери и долгува на мојата фирма за поплочување на неговата куќа и викендичка еден милион денари и до ден денес ја нема подмирено обрврската и доколку мислат дека на овој начин со поднесување на кривични пријави ќе ме замолчат, се лажат, рече Денесоски.
Тој тврди дека извршената работа на неговата градежна фирма за оспорениот тендер е видлива, односно бекатон плочки се поставени во Холандскиот парк и на ул. „Даме Груев“. „Тие се видливи и мерливи, а не фиктивни и утврдено е дека се поставени во количина која е наведена во тендерот“, додаде Денесоски, посочувајќи дека некому не одговара што тротоарите сега се поплочуват по цена која изнесува само една третина од таа по која се работело до 2004 година, кога квадрат бекатон се поставувал за 1600 денари.
– На споментиот тендер учествуваа 15 понудувачи, а мојата понуда беше најповолна, дали е проблемот можеби во тоа што цената е многу пониска од таа кога се работела порано?-запраша Денесоски.
Реагираше и Општина Охрид, која обвини дека продолжува притисокот врз Локалната самоуправа со постојано и временски темпирано поднесување на кривични пријави .
– Одговорно тврдиме, како и мпогупати досега, дека и најновата кривична пријава против раководители и вработени во Локалната самоуправа е неоснована и дека тоа ќе го потврди и судот. Знаеме дека секој може да поднесе кривична пријава, но таа треба да биде основана и да ја потврди судот, зошто и оние кои поднесуваат треба да знаат дека можат да добијат кривична пријава за лажно пријавување. Затоа, прашуваме, кој е одговорен за тоа што од досега поднесените кривични пријави, поради неоснованост, ниедна нема судска завршница, стои во реакцијата.
Оттаму велат дека речиси седум години Локалната самоуправа е под постојан притисок на разни инспекциски служби, кои секојдневно се во општинската зграда и го попречуваат нормалното работење на администрацијата со граѓаните.
– Тоа е очигледен факт дека се работи за невиден притисок на органите на централната власт врз работењето на Локалната самоуправа, се вели во реакцијата на Локалната самоуправа.
Еден од најавтентичните настани во Охрид последните години, „Ој љубов, љубов“ – староградска пловидба со ВИС „Билјана” ќе се одржи и годинава по шести пат на празникот Петровден во рамки на Алтерна...
Највисока стапка на инциденца на исхемичен мозочен удар во светот, со 214,4 нови случаи на 100000 лица се бележи во Република Северна Македонија, а земјава води и по стапката на смртност од мозочен...
Во петок, 11 јули, со почеток во 20:30 часот, на сцената кај „ТЦ Амам“, уште една театарска приказна за најмладите во рамки на програмата „Културата расте со децата“ Претставата „Во царството на др...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.