Потребна му е поддршката од охриѓани – Денис Мурат
Денис Мурат има 24 години. Дипломирал на факултетот “ФОН” каде и специјализира. Афинитет кон музиката покажува уште од шестгодишна возраст, се запишува во нижото музичко училиште “Методи Патче”, отсек виолина. Ден денес се занимава со музика, учесник е на многу јавни музички настани како виолинист, а учествуваше и на фестивалот “Охрид Фест” каде ја исполни песната “Горана”. Минатото лето учестуваше во реалното шоу “Фешта”, во кое дојде меѓу десетте финалисти. Веќе пет години има редовно свирки низ охридските кафетерии, правејќи одлични забави.
Во овој момент на Денис му треба поддршката од охриѓани. Момчето вреди затоа што на прекрасен начин го претставува Охрид. Затоа стиснете палци и во понеделник сите пред тв со телефоните во рака.