Дебитантот и апсолутниот аутсајдер Букурешт ја освои ракометната лига на шампиони совладувајќи го во финалето унгарскиот Ѓер со 29-26 по изведувањето на пеналите.


Добар голман е половина тим. Оваа изрека е добро позната и омилена кај спротските љубители. Но кога во тимот имаш двајца добри голмани е тоа е уште подобро.


– Ова оставарување на сонот. Никој не очекуваше дека ќе бидеме овде, уште помалце дека ќе го освоиме трофејот. Тоа ја прави оваа титула уште послатка – рече Грубишиќ.


Бразилскиот “Тафарел“ со два одбранети пенали ( ударите на Грот и Локе) и со титулата европски првак се простува од Букурешт.


Изабела Гулден со 104 гола е најдобар стрелец во лигата на шампиони. 15 гола постигнати во финалето се рекорд по број на постигнати голови на една завршница.


– Никогаш несум постигнала толку голови, посебно е чувството што тоа го направив во финалето – рече шведската интернационалка.

М.П.