Поради акцијата „Денот на дрвото-засадија својата иднина“ која ќе се одржи во среда на 3-ти декември на цела територија на Република Македонија, Советот на општина Охрид ја одложи веќе закажаната 33-та седница. Според најавите истата ќе се одржи во четврток 4-ти декември со почеток во 13 часот и 30 минути.
На дневниот ред на оваа сдница ќе се најдат вкупно 42 точки меѓу кои Предлог Одлуката за утврдување Нацрт Фискална стратегија и Развојни програми на општина Охрид за 2015 година; Предлог Одлуката за усвојување на Годишната Програма за работа на ОЈУ „Кузман Шапкарев“, Охрид за учебната 2014/2015 година; Предлог Одлука за начинот и поблиските критериуми за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација која треба да се достави од барателите на финансиската поддршка и низа точки од делот на урбанизмот.
OhridNews