Манифестацијата по повод Денот на Езерото, кој секој 21. јуни заеднички го одбележуваат трите крајезерски градови, годинава ќе се одржи во Поградец – Албанија.
По повод Денот на Езерото“, во сабота во Поградец ќе се одржат еко-изложба, изложбата на фотографии со мотиви од Езерото и крајезерскиот слив. Се очекува на почетокот на манифестацијата да се обратат градоначалниците на Поградец, Струга и Охрид.
Охрид на оваа манифестација, покрај градоначалникот Петрески и претставници на локалната администрација, ќе го претставуваат и членови на Советот на општината.












