По повод Денот на крводарителството во Р. Македонија,  Црвен крст Охрид
денеска на свеченост што ќе се одржи во 13 часот во  Центарот за
култура  „Григор Прличев“ во Охрид,  на пригоден начин ќе им се
заблагодари на заслужни крводарители, поединци и институции кои
помогнале во развојот и унапредување на крводарителството.

Преку соодветна програма на соработка и мотивација на крводарителите за доброволно дарување крв, со организирање на редовни и вонредни крводарителски акции, изминатата година Црвениот крст – Охрид реализира 2675 дарувања крв, односно предвидениот план е надминат за 56 проценти.