8- ми септември, Денот на независноста во Охрид минува во празнична атмосфера. Државните знамиња уште од вчера се поставени по главните улици и булевари низ градот.


Дел од угостителите во чест на одбележувањето се досетија празнично да ги уредат и своите објекти. Еден од нив е и кафе барот Ликвид, во кој денес се е во знакот на празникот. Околу масите се поставени црвено жолти балони, а неизоставен дел од амбиентот е и државното знаме.


OhridNews
Foto: Emilio