Како што информираат од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, свечената прослава по повод Денот на пензионерите, предвидена на 22- ри септември, поради големиот интерес и бројните гости кои се очекуваат, ќе се оддржи во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“, наместо како што тоа првично беше најавено, во општинската зграда.

На свечената прослава пред присутните свое обраќање ќе има претседателот на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески, а ќе бидат доделени и признанија, благодарници и  награди.

На свеченоста ќе се изврши и промоција на монографијата „Охридските пензионери низ времето“.

OhridNews