Над 10.000 граѓани и гости присуствуваа на одбележувањето на Денот на рибарите во Охрид, кој мина во знак на обидот за уривање на Гинисовиот рекорд во подготвување рибина чорба. Меѓу гостите беше и поранешниот евроамбасадор во Република Македонија Ерван Фуере. Тој беше и меѓу капачите кои скокаа по трите буриеа со вино. Традиционално на свеченоста присуствуваше и фаќачот на крстот Јован Бабаче. Посебно убава атмосфера создадоа триесетината охридски музички уметници кои исполнуваа староградски песни, а присутните покрај со вкусната чорба се загреваа и со неколку тони вино и греана ракија.


На здравје и за многу години!

OhridNews
фото: Емилио