Општина Охрид, Општинската организација на Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи на традицијата од општините Охрид и Дебрца свечено ќе го одбележат Денот на востанието на македонскиот народ, 11-ти Октомври.
По тој повод на 8-ми октомври со почеток во 12 часот во големата сала на општината ќе се одржи свеченост, на која воедно ќе биде одбележана и 30-годишнината од смртта на Петре Пирузе – Мајски.
Претходно делегации на општината и Сојузот на борците ќе положат свежо цвеќе пред бистите на народните херои од НОВ, во спомен паркот на револуцијата и на партизанските гробишта во Охрид.












