Манифестацијата ќе биде свечено отворена во петок, во 19 часот во куќата на Христо Узунов. Предвидено е обраќање на претседателот на Советот на општина Охрид, Душко Јаковчески, а ќе биде прочитана и беседа за Коста Абраш. Ќе настапат и ансамблот Билјана и Пејачката група Распеани Охриѓани.
Вториот дел од манифестацијата ќе се одржи во сабота, во 19 часот во Центарот за култура “Григор Прличев”, кога ќе се чита поезија од Коста Абраш.