Од 5-7 јули во познатиот охридски ресторан „Билјанини извори“ ќе се одржи манифестацијата „Денови на ловечка кујна“. 
Имено, во овој период во ресторанот „Билјанини извори“ ќе гостува кулинарска екипа од специјализираниот ресторан „Ловац“ од Белград, Србија, која ќе подготвува специјалитети од дивеч, но и национални јадења и вкусна скара, а за доброто расположение ќе се погрижат познатите белградски тамбураши. 
Свеченото отворање на „Деновите на ловечка кујна“ е на 5-ти јули во 21 часот.
OhridNews