Во рамки на проектот Денови на матурантите од СОУ „Нико Нестор“, од денес во  Струга, започнуваат еднонеделните активности преку кои учениците, матуранти, во соработка со своите наставници, родители, локалната самоуправа, бизнис секторот и други субјекти значајни за образовниот процес, ќе покажат што можат, што сакаат и што знаат како генерација која ги почитува различностите и го промовира заедништвото.

– Преку реализација на различни активности матурантите ќе ја покажат својата хуманост, креативност, желбата за дружење преку игра, песна и спортување. Ќе ги  покажат вештини кои изминатите четири години ги стекнуваа во  училиштето, со помош на своите наставници и преку поддршката на своите родители.  Ќе покажат својата спремност да влезат во новиот свет кој ги очекува, како хумана, креативна, мудра, благодарна и полна со живот младина на градот Струга, информираат од училиштето.  

Активностите се распоредени во текот на целата наредна недела, така што секој  ден носи посебен белег: понеделник „Нашите ученици-поети“, вторник „ Ја сакаме природата“, среда Спортуваме- другаруваме“, четврток „ Да подариме насмевка“, петок „ Ден на креативноста“.
    
Активностите почнуваат денес во 17 часот со поетско читање во Спомен куќата на Браќата Миладиновци.

OhridNews