Во рамки на манифестацијата „Денови на рускиот филм“, што Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија ја организира во соработка со Кинотеката на Македонија, во Скопје ќе бидат прикажани повеќе руски филмови со воена тематика, а еден од нив ќе биде прикажан и пред охридската публика.

Филмот „Белиот тигар“ на режисерот Карен Шахназаров, ќе биде прикажан во Охрид, на 15-ти мај, во 19:30 часот во амфитеатарот на Филмскиот институт во Универзитетот „Апостол Павле“.

„Белиот тигар“ е високобуџетен филм, со 11 милиони долари, а е снимен за три и пол години во продукција на „Мосфилм“. Главните улоги ги играат Алексеј Вертков и Виталиј Кишченко.

OhridNews