Од денеска до 9-ти овој месец во Охрид, ќе се одржи ,,СЕДМ“- Министерски состанок на Министрите за одбрана на земјите од Југоисточна Европа, САД,  и  од повеќе други Европски земји.

Во функција на непречено одвивање на овој значаен настан за Република Македонија и за градот Охрид, како и за натамошно одржување на стабилна и поволна безбедносна состојба на подрачјето, СВР-Охрид презема низа оперативно-превентивни мерки и зајакната примена на законските овластувања.

Во однос на сообраќајот, заради безбедно движење на делегациите и нивните возила под придружба, на одредени патни правци и сообраќајници, привремено ќе биде ограничено движењето на моторни и друг вид  возила. Мерките за сообраќајно обезбедување  започнаа со отстранување на неправилно паркираните патнички и други моторни возила, како и со оставените предмети од сообраќајните површини особено  на Булеварот ,,Туристичка“, во насока кон хотелските комплекси и во централното градско подрачје. На овој потег, нема да биде дозволено запирање и паркирање на секаков вид возила.

Имајќи го во вид значењето на средбата на Министрите за одбрана, како и потребите на граѓаните, СВР-Охрид апелира за исклучива нужност во користењето на сопствените патнички и други моторни возила. За време на Министерскиот состанок, Свр-Охрид ќе презема и други мерки за физичко обезбедување на поширокиот реон и објектите каде што ќе престојуваат учесниците на средбата, соопшти полицијата.

Учесниците на самитот на министри за одбрана во Охрид ќе започнат да пристигнуваат денеска. Меѓу првите попладнево на охридскиот аеродром ќе счета американскиот секретар за одбрана Ричард Гејтс. Вечерва ќе се одржат првите билатерални средби, а пленарната сесија започнува утре.

Ohridnews