Македонија од Холандија ќе купи вакцини против новиот грип по набавна цена од производителите „Новартис“ и „Глаксо Смит Клајн, најави министерот за здравство Бујар Османи. Деновиве исто така се очекува да пристигнат 20.000 дози вакцини од производителот „Бакстер“.

Османи упати апел да не се создава слика кај граѓаните дека вакцините се опасни и укажа дека последиците од невакцинирањето ќе бидат многу поголеми отколку некои несакани ефекти кои можат да се појават од вакцинацијата.

Во Македонија во последните два месеца клинички се пријавени 8.891 случај на заболени од грип од кои само  последната недела над 5.000.

Ohridnews