Под влијание на засилено јужно воздушно струење и влажен воздух во следните денови ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Облачно со обилни врнежи од дожд ќе биде утре и во среда, кога на повеќе места, особено на запад, се очекува да наврнат локално и над 60л/м2 воден талог.

 

На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер (над 70 км/ч.). Во среда ќе започне да дува северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Во четврток на планините на север и запад ќе има слаби врнежи од снег, информираат од УХМР Македонија.

OhridNews