Денталниот туризам како комбинација од годишен одмор и користење стоматолошки услуги, се повеќе зема замав во дел од европските земји. Охрид како туристичка дестинација која изобилува со врвни стоматолози, услуги со одличен квалитет и далеку поконкурентни цени од соседството, претставува идеално место за развој на дентален туризам, од што економски бенефит би имале сите.
Дека развојот на овој вид туризам е реално остварлив покажуваат од стоматолошкиот центар „Др-Баткоски“, каде од неоддамна започнаа да го следат концептот на големите светски метрополи. Преку новоотворената канцеларија во Словенија, на жителите од европските земји им нудат аранжмани, кои опфаќаат повратна авионска карта до Охрид, пречек и транспорт на пациентите, сметстување, организирање туристички водич и стоматолошки услуги.
„Доколку пацинетот од странство се одлучи да користи услуги кај нас, ние се грижиме за неговото пристигнување, транспорт од и до аеродромот, сместување и покриеност за целиот престој во Охрид. Организираме и туристички водич, кој исто е на наш трошок. За нивната безбедност имаме соодветно осигурување и гаранција кои ги даваме во писмена форма по европски терк. Инаку, започнавме доста скормно пред две години, но сега активностите во оваа насока се интензивираат. За овие пакет-услуги има доста заинтересираност, а тука се и Македонците кои живеат во надвор од нашата држава.“ – вели д-р Небојша Баткоски, од Стоматолошката ординација „Д-р Баткоски“, која работи во склоп на здравствениот центар „Св. Ѓорѓија“.
За секоја интервенција, пациентите добиваат гаранција, врвна услуга и официјален документ во кој се наведени сите детали содржани со предвидениот третман.
„Концептот е да не исконтактираат преку електронска пошта или преку новиот веб-портал dentaltourismohrid.com, каде соодветно е објаснета целата процедура чекор по чекор. Најпрво ни испраќаат ренген снимки, им правиме план, па официјална понуда како документ, во кој што се напишани сите детали. За целокупниот третман добиваат и адекватен извештај, a за секоја интервенција гаранција. Исто така, третманите можат да се одвиваат во 24 часа, бидејќи како единствени, располагаме со врвна опрема.“ – објаснува Д-р Баткоски.
Исто така, постои можност да се избере и вториот пакет услуги, во кој бесплатно се вклучени консултација, транспорт до ординацијата, сместување во хотел, водич за Охрид, OPG-X-ray снимка и комплетен план за третманот.
„За тие што прв доаѓаат имаме консултации. Потребно е пациентот само да дојде, а на истиот му нудиме бесплатен хотел, бесплатна снимка, бесплатен траснспорт и консултација, а после тоа ако сака, може да се одлучи за соодветнио третман кој ќе го понудиме.“ – потенцира Баткоски.
Со оглед на тоа што од година во година туристичката сезона во градот се намалува, преку овој вид туризам Охрид би можел да биде полн со гости во текот на целата година.
„Треба да се привлечат гостите со нешто ново, со квалитетни услуги и доктори, кои ќе бидат еден вид иницијална каписла. Хотелите во поголемиот дел од годината зјаат празни, а преку денталниот туризам, капацитетите би можеле да бидат искористени од октомври до мај месец. Тоа би бил еден убав проект, не само како дентален, туку и воопшто како медицински – здравствен туризам. Дополнително, би било добро доколку до нашиот аеродром би започнале да оперираат ниско-буџетни авио-компании, чии летови се доста поевтини од останатите.“ – завршува Д-р Баткоски.
OhridNews
Повеќе инфо: Dental center Dr. Batkoski