На едно од најпрометните локации, во срцето на градот, во непосредна близина на кејот на езерото, некогашниот полигон за мали спортови месеци наназад наликува на депонија.  Просторот од поодамна е целосно запуштен и очигледно е дека никој не се грижи за одржување на комуналната хигиена на овој простор.



Независно кој е одговорен за неговото одржување, повеќе од сигурно е дека остава негативен впечаток врз секој кој тука ќе помине, а особено врз туристите кои тука минуваат одејќи кон кејот на езерото.

OhridNews